Ракометарите на Еурофарм Пелистер им гостуваат на Рајн Некар Левен

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска ќе има тежок натпревар на кој ќе гостува во Манхајм. Противник е составот на Рајн Некар кој влегува како фаворит против битолчани.

Очекувањата се ова да биде натпревар на кој тимот на Еурофарм Пелистер ќе одигра без поголеми притисоци и ќе мора да биде покажано најдоброто. Сепак, сосема извесно е дека домашните се фаворити.

Денеска се играат уште дел од натпреварите од Лигата на Европа со оглед на тоа што одново има одложени средби. Меѓу оние кои се одложени е и дуелот на Металург против австрискиот Аон Фиверс.

Сите натпревари од денешната програма можете да ги видите во продолжение.

Претходна вестПешак тешко повреден во сообраќајка во Тетово
Следна вестДефект во трафостаница предизвика прекин на струјата во поголем дел на Скопје