Шкупи зема бод од Шкендија, Македонија го среди Работнички

Нерешено 1:1 заврши дербито на 12. коло од Првата македонска фудбалска лига, одиграно попладнево во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи.

Пред ова коло, ова беше дуел на двете првопласирани екипи, но по денешната победа на Македонија ЃП, „лавовите“ се најдоа на втората позиција.

Резултати:

Академија Пандев – Пелистер 3:2

Работнички – Македонија ЃП 1:3

Шкендија – Шкупи 1:1

Силекс – Беласица 0:1

Струга Трим Лум – Ренова 1:0.

Вчера, Борец – Вардар 0:2.

Табела: Шкендија 26 бода, Македонија ЃП 25, Шкупи 24, Борец 19, Струга Трим Лум 19, Вардар 16, Силекс 14, Работнички 13, Пелистер 12, Академија Пандев 10, Ренова 8, Беласица 8.

Претходна вестПолицијата упадна на семејна веселба со 70 гости во Гостивар
Следна вестДржавјанин на Косово пронајден мртов на булеварот „Борис Трајковски“