Фудбалската репрезентација на Македонија без напредок на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија ја задржа 65 позиција на ранг-листата на ФИФА. Ова е претпоследната листа која ФИФА ја објави оваа година.

Македонија, во ноември, славеше две победи, над Грузија (1:0) и Естонија (2:1), и забележа пораз од Ерменија (0:1).

На врвот на оваа листа првите шест репрезентации Белгија, Франција, Бразил, Англија, Португалија и Шпанија ги задржаа своите позиции, Аргентина го „скокна“ Уругвај, деветти е Мексико, а десетта Италија.

Мексиканците напредуваа две места, додека од Топ 10 испадна Хрватска.

Хрватите се најдобро пласирани од репрезентациите кои произлегоа од поранешна Југославија. Србија е на 30, Босна и Херцеговина на 55, а 62 и 63 се Словенија, односно Црна Гора, додека Косово е на 117 место.

Претходна вестЗаев: Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и другите не се главни осмислувачи на „27 април“
Следна вестШто се случува во СДСМ, што сопартијците си напишаа едни на други?