Македонската кошаркарска репрезентација отпатува за Талин

 

Македонската кошаркарска репрезентација рано наутро, во шест часот тргна на пат кон Талин, градот домаќин на ноемвриските квалификации за местото на ЕП.

Нашата експедиција со автобус ќе стигне до Софија од каде ќе лета за Франкфурт. Преку германскиот град со нов лет ќе пристигне во Талин некаде пред полноќ.

Кошаркарите ќе минат пат од 16 часа, но ќе имаат доволно време за одмор и подготовка за дуелите. Првиот меч го играме на 28. ноември против Италија, два дена подоцна ќе се сретне со Естонија.

Во составот ќе ги имаме и капитенот, Војдан Стојановски и новиот Американец, Џекоб Вајли. Тодоров замина со промени во стручниот штаб, без Никола Василев, кој поради позитивен случај во својот тим мораше да замине во изолација, и без Ѓорѓи Кочов кој остана во Скопје.

Македонија има два порази во квалификациите, од Естонија дома и Русија на гости.

Претходна вестОхриѓанка тешко повредена при пад од велосипед
Следна вестМинистерката Царовска праќа прашалници до учениците, родителите…