Екипата на Вардар денеска ќе биде одново во центарот на вниманието, а ривал е составот на Келце со кој играше и минатиот четврток, но во Скопје.
Денеска во Полска се очекува одново шампионот на оваа земја да биде во предност така што нема да биде воопшто лесно да се дојде до позитивен резултат.
На вардарци е да се обидат да го покажат најдоброто и да одиграат далеку подобро отколку на првиот дуел иако ќе биде максимално тешко.
Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски на располагање го има истиот ростер од мечот во Скопје, додека тренерот на Келце, Талант Душебаев направи три измени.
Ги нема десното крило Сигвалди Гудјонсен и средниот бек Игор Карачиќ, додека на местото на голманот Милош Валах, ќе брани Матеуш Корнецки. Нема информација зошто Карачиќ и Гудјонсен не се во ростерот.