Судот му го замрзнал целиот личен имот на Трифун Костовски

Замрзнат е целиот имот на бизнисменот Трифун Костовски од страна на Кривичниот суд Скопје. Ова информација ја објави самиот Костовски во својата колумна за порталот Либертас. Toj наведе дека блокадата на неговиот личен имот, покрај сумата од стотина милиони евра која неговото семејство ја има како влог во Еуростандард банка, е почеток на пресметката со него.

– Почитувани, со завршување на предистражната постапка, мојот личен имот ми е комплетно блокиран. Говорам за имот кој е стекнат пред повеќе од 35 години, ама ако е во интерес на правдата и вистината, немам ништо против. Очигледно е дека организаторите на овој криминал тргнаа првенствено кон згаснување на Еуростандард банка со цел да не дојдеме до крајната дестинација каде завршиле парите. Почитувани читатели, не се работи за мали пари, туку се работи за големи пари. Се работи за повеќе од 100 милиони евра – маса во која се наоѓаат парите на коминтентите на Еуростандард банка и парите кои ние како акционери ги инвестиравме во банката, пишува во колумната Костовски.

Тој потенцира дека му се блокира имотот оти тој е можноста да ја води натамошната битка за вистината.

-Да појаснам што тоа значи: имам имот, не смеам да го отуѓам, а сакам да го отуѓам бидејќи ми се потребни финансиски средства за водење на оваа војна. Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна, ама на многумина поединци, роднини, пријатели, познати и непознати мојот живот им значи. Имајќи го предвид овој севкупен криминал, по најновите сознанија, сваќам дека нема институции во системот кој не се замешани во оваа афера, почнувајќи од Владата со нејзините министерства, судството, полицијата и егзекуторот Народна банка, потенцира Костовски.

Бизниименот Трифун Костовски во повеќе наврати обвини дека НБРМ е џелатот на Еуростандрд, иако раководството знаело дека за банката има заинтересиран купувач. Блокадата на имотот доаѓа на барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а отворена е и предистражна постапка за четири лица.

Претходна вестПремиерот за Претседателот: Пендаровски не е толку искусен политичар како Зоран Заев!
Следна вестМицкоски: Ако Заев го начне македонскиот идентитет, да го спречиме – ќе бидам во прв борбен ред