Среќа, бугарскиот новинар не го праша Заев за Адам и Ева, за Исус…  

Револт, огорченост, бес… искажуваат македонските граѓани од вчера попладне како реакција откако беше објавено интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција „Бгнес“. Граѓаните преку социјалните мрежи отворено кажуваа дека се работи за срамни, понижувачки и недостоинствени ставови кои ги изнел премиер како официјален претставник на Mакедонија. Тие потенцираат дека Заев изнел цела низа на невистинити историски факти со кои целосно ја девалвирал и македонската антифашистичка борба, а со тоа и самата држава.

Како што беше објавено вчера во интервјуто за бугарската агенција Заев потенцира дека „За време на Втората светска војна Бугарите биле администратори на почетокот, но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт“.

На интернет страницата на „Скопско ехо“ се нижат коментари во кои тие искажуваа свој револт заради ваквите тврдења.

-Г-дин премиере, ти нас, сите во Македонија не правиш малоумни, без меморија? Па Вие сега штитете бугарски интереси, а не македонски!!! Интервјуто е гоолема нискост!!! Срамота!, потенцира Драган Д.

За потсетување, во интервјуто Заев нагласува дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија, на кои што пишувало „бугарски фашистички окупатор“ и вели дека Бугарите не се фашисти, туку нашите пријатели. Кажа и тоа дека историјата на двете земји и двата народа не е споделена туку заедничка. Македонскиот премиер рече и тоа дека политичарите од бивша Југославија ги држеле Бугарите и Македонците разделени.

Граѓаните реаѓираат на социјалните мрежи во огромен број.

-Невиден срам за искажана невистина! Никој не не разделувал од Бугарија. Југославија била држава што си ги штитела националните интереси…не распродавала! Во своите граници имало признати нации кои живееле со паролата ,,Братство и единство“!, напиша читателката Светле.

Друга читателка, пак, напиша дека се работи за „Срамота“, една постави прашање дали премиерот „е свесен што зборува и дека сето тоа се глупости и невистини“, а читателка потпишана како Светлана укажа и на историски факти.

-Да, (Бугарите) малку биле на грешната страна само до 8 септември 1944, само 1 месец и 5 дена пред ослободување на Скопје. Многу рано се освестија да се свртат кон Алијансата. Искрено, ако се бара помирување, потребно е Бугарите нам да ни се извинат, за окупацијата, за да дојде до помирување, потенцира Светлана на ФБ страницата на „Скопско ехо“.

За друг граѓанин не е точно тврдењето на Заев дека бугарските сили ослободувале македонски градови.

-Ослободувањето на Куманово е чисто од македонските партизани и не смеете тоа да го препишуваат на Бугарите, напиша Зоран К.

Граѓаните се навредени и од третманот на Заев кон македонскиот јазик, кон македонските партизани, кон асномска Македонија, како и на неговата (како што потенцираат) невидена сервилност за да угоди на Бугарија.

Среќа, бугарскиот новинар не го праша Заев за Адам и Ева и за Исус и за…

Претходна вестПет скопски општини имаат повеќе од 1000 активни случаи на корона вирусот
Следна вестГрчкиот Forthnet официјално станува дел од United Group