Во периодот од 23 до 29 ноември во земјава регистрирани се 6.745 нови позитивни случаи од 35 градови во Македонија што е намалување за 9,9 проценти во однос на неделата пред овој период, покажува редовната анализа на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 2.863, а процентот на позитивни од тестирани 18.767 лица е 35,9 отсто.
-Во овој период пријавени се 206 смртни случаи од ковид-19 од 25 градови што е намалување за 1 процент во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50- 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 4 случаи во возрасната група од 30-39 години, наведува ИЈЗ.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години – 1.624, а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години – 1.409, 40-49 години – 1.258, 50-59 години -1.210 и 20-29 години – 877. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 99 и 10-19 години -61 случај.
-По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, оздравени се водат 5.930 лица кои биле лекувани а што е за 16,3 проценти повеќе во споредба со минатата недела, информира ИЈЗ.