Два дена градоначалникот на Аеродром Златко Марин, молчи за огласите за вработувања во детските градинки објавени на веб страната на општината. Се работи за објавување огласи што и претходно се правело во петок и траат само неколку дена за викенд. Опозициските советници во општината алармираат за т.н. местење на огласите, партиски вработувања и слично, и ниту збор од ова не е деманатирано од страна на градоначалникот.
-Детска градинка “Срничка” во петок, 04.12.2020 година, објавува интерен оглас за избор на шест раководители на објекти. Рокот за аплицирање е дури три дена. Небаре играчки бираат. Партиски пополнувања на места со кои не смее да се импровизира. Овие луѓе треба да се грижат за најмалите, а не да тераат политика, напиша Дејан Митевски претседател на општкинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на фејсбук.
И не само за огласите Митевски изминатите денови реагираше и за наводен спорен договор за поставување бини и изнајмување озвучување во висина од педесет илјади евра кој општината Аеродром го склучила со компанија која, како што вели Митевски, од мај оваа година повеќе не постои.