При вчерашните полициски контроли на територијата на град Скопје МВР изрече вкупно 435 казни, од кои 81 се за возење без возачка дозвола, се наведува во денешната инфорамција. Ова е рекорден број на откриени учесници во сообраќај без возачка дозвола во досегашните полициски контроли.
„Скопско ехо“ неодамна предупреди и побара поголема и поревносна полициска контрола бидејќи при секојдневно МВР открива во просек по околу 20-30 возачи без дозвола.
Според податоците од МВР, за нерегистрирани возила се изречени 41 казна, 15 за технички неисправни возила за јавниот превоз, 8 за минување на црвено светло, 16 санкции за управување под дејство на алкохол, 27 казни за некористење сигурносен појас, 17 казни за користење на мобилен телефон, 36 за непрописно паркирани возила, како и 31 казна за неносење заштитна маска.
Од Министерството најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.