Нов дрворед со околу 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести растенија со црвени листови деновиве е формиран по должината на булеварот 8.Септември, во есенската акција на Град Скопје за раззеленување на јавните површини.
-Ова е најдолгиот дрворед кој што го засадивме оваа година на булеварот чија што реконструкција се одвиваше и заврши оваа есен. Садници се од 11 различни видови кои во различни периоди од годината имаат црвени листови. Ова се новите стандарди кои интензивно ги воспоставуваме во нашиот град, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција.
Градот Скопје ги потсетува родителите кои имаат новороденчиња, да ја искористат можноста која им ја нуди проектот „Дрво за секое дете“, да се пријават и да добијат дрво кое ќе го носи името на нивното новороденче.