Прекрасното Водно денеска го чистеле прекрасни луѓе. Имено, група млади ентузијасти и волонтери од Amos Shelter ги засукале ракавите и исчистиле еден дел од падините на Водно кој навистина е претворен во ѓубриште.
Разгалените „рекреативци“ фрлале се и сешто, а одговорните и вистински рекреативци чистеле.
Веста и фотографиите за тоа самите волонтери ги објавиле на фејсбук страницата – „Не биди ѓубре“.
Скромно само е напишано: „60+ вреќи. Акцијата за чистење на падините на Водно ја спроведееее: Amos Shelter“.
Дали некој „разгален“ рекреативец после ова ќе се засрами нема да дознаеме. Но, ако некој од нив престане на фрла ѓубре насекаде, а плус и понекогаш излезе да чисти, тогаш добро е, акцијата на вистинските рекреативци ќе има двоен позитивен ефект.