Само на територијата на град Скопје во изминатово деноноќие изречени се вкупно 244 мерки, соопшти денеска МВР.
-Од нив, 24 се за управување со брзина поголема од дозволената, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 17 за користење на мобилен телефон и 6 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло), се наведува во информацијата.
МВР предупредува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи