Во текот на февруари на трансакциските сметки на граѓаните ќе се врати дел од ДДВ од скенираните фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
Според пресметките на УЈП, во овој период се скенирани 67.272.456 фискални сметки со вкупен промет од 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милион евра.
Но, она што како проблем може да се појави за 5.506 граѓани е што во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, додека 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.
Затоа, од УЈП апелираат да се направи проверка.