Февруари дојде, доаѓаат ли и вакцините?

„Во февруари ќе добиеме прва пратка од 5.850 дози од вакцините на Фајзер…“, изјавуваше пред десетина дена министерот за здравство Венко Филипче, најавувајќи го блискиот почеток на вакцинацијата против корона вирусот. Пред две недели и премиер Зоран Заев лично најави дека од соседната земја Србија ќе добиеме 8.000 дози од истата вакцина како резултат на гестот на пријателството за кој и се заблагодари.

Eве, почна и февруари, почнаа ли да пристигаат вакцините? Од „Фајзер“ уште во тогаш најавија доцнења поради што се соочуваат со критики и најави за тужби, но дилема е дали навистина токму тоа е проблем првата, сосема мала, и симболична доза од околу шест илјади вакцини да се испрати за Македонија.

И од Србија нема најави дека наскоро ќе се случи испораката. Нашите здравствени власти најавија дека правните пречки веќе не биле проблем, дека тие вакцини треба да пристигнат во Македонија преку интервентен увоз за што не треба регистрација, дека со тоа се согласил и производителот „Фајзер“…

Ете нели пристигнале дури и специјалните фрижидери каде тие ќе се чуваат, значи време е за вакцините да се складираат и делат во Македонија. Ете има најава и дека се разговара со Кина…

Среќа, февруари има 28 дена, а не 31 ден, па пократко ќе ги чекаме вакцините.

Претходна вестПредлог за опстанок во пандемија: За лични документи да се аплицира и со фотографија од фото-студио
Следна вестСо фалц-потврда од ПЦР тест сакале да поминат граница