Со фалц-потврда од ПЦР тест сакале да поминат граница

Петмина Скопјани и еден кавадарчанец вчера попладне преку граничниот премин Деве Баир сакале да излезат од земјава со фалсификат потврда за направени ПЦР тестови.

Кај петмината скопјани и еден кавадарчанец се пронајдени пест теста кои не биле издадени од соодветна клиника. Тие им се одземени, како и мобилните телефони и патните исправи, а тие се приведени.

Тие се осомничени за неколку кривични дела: „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Претходна вестФевруари дојде, доаѓаат ли и вакцините?
Следна вестИсполнети две третини од капацитетите на ковид – центрите во Скопје, ноќеска 11 новопримени