Рангирање на 78-мото место и повторно ставање во групата на хибриден режим е третман кој Македонија го доби во најновиот извештај на угледниот „Економист“ за индексот на демократија во светот за 2020 година.
Нашата држава е во група со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија.
Ова рангирање дојде само кусо време откако „Транспаренси Интернешнл“ ја смести Македонија на 111 место според индексот на корупција. На оваа ранг листа земјава е во друштво на Монголија, Панама и БиХ. Ова е најлошиот резултат за Македонија откако се мери корупцијата во земјава.
Според податоците од „Економист“ од 2016 година до 2020 Македонија бележи пад во оцената според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6.