Братски си чувале хероин и кокаин во специјален бункер

Едно лице од Синѓелиќ е обвинето за производство и пуштање во промет на наркотични дроги, а по неговиот брат полицијата трага откако е утврдено дека во гаража чувале опојни дроги. Скопското основно јавно обвинителство денеска соопшти дека поднесе обвинение против 27-годишник од селото Сингелиќ, кој се товари дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

-Обвинетиот заедно со неговиот брат, кој во моментов е недостапен за полицијата, во гаражата во семејната куќа, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држеле вкупно 6.451,27 грама хероин, како и 915 грама кокаин. Дрогата била спакувана во различни пакувања и полиетиленски ќеси, се наведува во обвинението.

При полицискиот претрес, во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар, еден пиштол марка ХС со една рамка со 16 куршуми, како и еден револвер марка магнум 357 со рамка со шест куршуми.

Претходна вест26 од „рамковните“ административци одбиле да ги потпишат решенијата, 135 не се ни појавиле
Следна вестПотест на административците во ГОБ„8 Септември“: И ние сме здравство и работиме во ковид болница