Обвинение и домашен притвор за скопјанецот кој уценуваше девојка со компромитирачки фотографии и видеа

Наместо 1.500 евра колку што бараше за да не објави компромитирачки фотографии и видеа од девојка, 28-годишниот скопјанец кој беше приведен на 31 јануари заработи обвинениe.

Скопското обвинителство го товари за уцена бидејќи во периодот од 21 до 31 јануари преку Вибер побарал од една девојка да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видеа со компромитирачка содржина.

Во договор со полицијата, била организирана средба на 31 јануари во кафе-бар на плоштадот „Македонија“, на која девојката му дала 30.750 денари, а веднаш по преземањето на парите, момчето било приведено.

Од тогаш се наоѓа во домашен притвор, каде на барање на јавниот обвинител ќе остане до судењето, поради можноста да избега.  ​​

Претходна вестПотест на административците во ГОБ„8 Септември“: И ние сме здравство и работиме во ковид болница
Следна вестСтавале ротациски светла и сирени за да не плаќаат патарини – за два дена дури 32 случаи