Србија ќе инвестира колку што е потребно во започнувањето на домашното производство на руската вакцина „Спутник В“ до крајот на годината.
Ова според претседателот на Србија, Александар Вучиќ е првично договорено со рускиот претседател Владимир Путин, но признава дека процедурата за производство, ќе биде „комплицирана и тешка“, бидејќи Србија сега нема производствени капацитети за „Спутник В“, тука ќе мора да ги изгради.
-Не е важно колку ќе чини, ќе инвестираме во тоа, изјави денеска Вучиќ и додаде дека целта на Србија е да произведува не само за свои потреби, но и за извоз во регионот.
За оваа цел група руски експерти треба да ја посетат Србија следната недела.
Србија, со над 530.000 вакцинирани, или 7,5 отсто од населението, е на четвртото место во светот според бројот на вакцинирани на 100 жители, зад Израел, Велика Британија и САД.