Договор за набавка на 200.000 кинески вакцини ќе с епотпише во понеделник а се очекува тие да пристигнат во наша земја во најбрзо време, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој објасни дека за ова одлучила Владата на вчерашната седница а со нив ќе се вакцинираат 100.000 лица.
-Се очекува 2000 до 2.500 граѓани да бидат вакцинирани на дневна основа .За секој граѓанин што ќе прими прва вакцина, обезбедена е и втора по 21 ден . Секој граѓанин ќе добие соодветен сертификат, рече Филипче.
Веќе е направен детален план за транспорт , и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови , како и начинот на спроведување на вакцинација
-Во првата фаза ќе бидат вакцинирани здравствените работници со највисок ризик и лица над 70 години. Први ќе бидат здравствените работници , кои работат со Ковид – пациенти во клиники и домови за стари лица, како и матични лекари и вработени во лаборатории. Во втората фаза се останатиот здравствен персонал и новинарите, вработените во градинки и училишта , како и лица над 18 години со коморбидитет, лица над 65 години. Во третата фаза ќе се вакцинираат сите други што сакаат преку „Мој термин“. Здравствените работници ќе се вакцинираат на еден пункт, а другите од Скопје во поликлиниката ,,Букурешт” , а од други градови во вакциналните пунктови во градовите, рече тој.
Од следната недела ќе биде во функција и сајтот за вакцинирање.
Покрај набавените 200 000 вакцини министерот рече дека во меѓувреме се очекуваат и останатите количини вакцини од Ковакс системот и другите системи за кои сме аплицирале за вакцина.