По акцијата во Прилеп полицијата приведе шест лица, одземени три џипа и пари кои потекнуваат од продажба на дрога

Од слобода досега се лишени вкупно шест лица а одземени се три возила и пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин, мобилни телефони и други предмети, информира денеска МВР за вчерашната полициска акција во Прилеп. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски изјави дека во текот на вчерашниот ден биле извршени претреси на 16 локации во Прилеп по што се приведени лица на возраст од 30 до 40 години.

-Во текот на истрагата се обезбедени докази за криминалната група при што лишени се од слобода 16 лица, а во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин ,мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5″, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв”, пари и мобилен телефон и Р.М. (34)” соопшти Ангеловски.

Оваа истрага се спроведувала од септември минатата година, а од МВР велат дека се инволнирани повеќе лица, меѓу кои и полициски службеници.

-Организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија, рече Ангеловски кој додаде дека истрагата продолжува.

Претходна вестФилипче: Во понеделник се потпишува договор за 200.000 кинески вакцини, ќе стигнат во најбрзо време
Следна вестПриведени четири лица кои ограбиле доставувач и украле пари и накит во Кисела Вода