Вандалите повторно оставија одвратна трага по градот. По палењето на контејнерите и канти за ѓубре, кршењето на клупи и канделабри… сега на ред им дошле и прскалките по фонтаните.
Неколку такви прскалки деновиве се искршени во фонтаната кај студентскиот дом „Гоце Делчев“. Од нив сега залудно тече и вода. Сето ова се гледа и од фотографиите кои граѓаните ги доставија и до „Скопско ехо“.
Вандализмот, очигледно не запира и ќе трае се додека не почнат да се казнуваат сторителите.