Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев синоќа пак го покажа својот раскошен талент и знаење во фудбалот. Даде два гола за својата на Џенова и тоа против силниот Наполи.
Тие два гола беа и пресудни неговиот тим да победи со 2:1. Головите на 37-годишниот фудбалер беа вистинска мајсторија каде се виде неговата вештина и искуство. Но се виде и неговата скромност – Пандев против својот поранешен клуб Наполи, не славеше за погодоците.
– Поминав три прекрасни години во Неапол. Тие се мој тим – одличен тим, истакна Пандев по натпреварот.
Го фалат фудбалерите од неговиот тим, го фали и тренерот;
– Беше одличен, отсега до крајот треба да биде тоа што е секој ден – ни дава интелигенција, ни ја дава сета своја симпатија, а потоа неговиот огромен квалитет и неговата голема понизност. Отсега до крајот треба да биде тоа што отсекогаш бил – пример за сите, истакнал тренерот Балардини.
Го фалат и медиумите и тоа не само во Италија. За него пишуваат и балканските портали – Неуништиви Пандев…
Да потсетиме, Пандев дојде до бројката од 97 погодоци во квалитетното италијанско првенство, и со тоа стана најдобриот стрелец во лигата од фудбалери од поранешна Југославија.
Браво, за нашиот репрезентативен капитен!