Лабораторијата на МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари 2021, кај 45 лица чии примероци се тестирани, открила дека го имаат вирусот – мутација од Велика Британија.
Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13 јануари 2021 во Охрид и во моментот оваа варијанта на вирусот најмногу ја има во Охрид и Прилеп, и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес.
На анализи за британскиот сој на вирусот биле подложени и вработените на Клиниката за нефрологија каде за краток временски период беа заразени повеќе здравствени работници, но од Министерството за здравство велат дека кај нив не е утврден.