Променливо облачно со попладневен дожд

Во Скопје и околината времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

На останатото подрачје на Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 Целзиусови степени.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Значителна промена се очекува од петок, кога ќе дува засилен северозападен ветер, а температурите значително ќе опаднат. Поради продор на многу студена и влажна воздушна маса, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Претходна вестКонцерт во Филхармонија по повод „Денот на вљубените“
Следна вестПонеделнички со шише и волан во рака: 12 лица возеле пијани во Скопје