Над 60 фирми се откриени во декември и јануари кои ги злоупотребиле државните субвенции за плати, а некои воопшто не ги исплаќале своите работници или им давале под минимумот.
Ова го откриле контролите на Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд.
На сите нив им се изречени опомени, во рок од 15 дена да ги исплатат работниците.
Една фирма со 10 вработени е казнета со 200 евра, и одговорното лице со 150 евра, бидејќи и по опомената не му неисплатила плата на еден вработен.
Фирмите се од дејностите подготовка и служење храна, трговија на мало, туристички агенции, градежништво… Шеснасет фирми не го исполнувале условот за добивање финансиска поддршка поради намалување на приходите, а седум отпуштиле вработени повеќе од законски утврденото во месеците откако е доделена помошта. Освен што компанијата треба да ја врати добиената помош во целост и со камата, работодавачот кривично ќе одговара.