Прегазена жена од автомобил кај Католичка црква. Имено, шеесет и седумгодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил автомобил на крстосницата од улица Митрополит Теодосиј Гологанов и улица 9 Мај во Скопје.
Од МВР соопштуваат дека лицето М.С.(39) од Скопје управувајќи автомобил „Фолксваген” удрил во Л.К.(67) од Скопје. На Л.К. ѝ е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.