Од попладнево, повторно со воз од Скопје до Кочани

По два дена прекин, од попладнево повторно сообраќа патничкиот воз од Скопје, преку Велес и Штип, за Кочани.

Возот два дена не сообраќаше, откако во понеделникот попладне, пред Овче Поле, на пат кон Штип, единствениот вагон излета од шините. Во возот имало двајца патници, кондуктерот и машиновозачот кои за среќа не беа повредени. 

Стручниот увид од ЈП „Железници“ – Инфраструктура треба да покаже кои биле причините за несреќата.

Возот на релација Кочани Велес – Скопје сообраќа рано наутро и обратно, попладне со поаѓање од станицата во Скопје во 15:20 часот

Претходна вестПазарување додека трае пандемијата: По еден купувач на 10 квадрати, ред и дезинфекција
Следна вестЗарем Владата разбра за документацијата синоќа пред да тргнат вакцините од Србија?