Како е прифатено вакцинирањето во САД? Ова било проверено преку истражување и дојдено е до сознание дека голем дел од Американците не размислуваат да се вакцинираат.
Имено, еден од тројца Американци нема да се вакцинира, покажале резултатите од истражувањето на Центарот за истражување на јавни работи АП-НОРК, додека 67 проценти планираат да бидат вакцинирани или веќе го сториле тоа.
Од оние кои немаат намера да се вакцинираат, 15 проценти се сигурни дека нема да го сторат тоа, а 17 проценти велат дека најверојатно нема да го сторат тоа. Како што се соопштува, многумина изразиле сомневање во врска со безбедноста и ефикасноста на вакцината, иако се појавиле само неколку сериозни несакани ефекти за повеќе од еден и пол месец од вакцинацијата.
Водечкиот владин научник за заразни болести д-р Ентони Фаучи проценил дека треба да се вакцинираат помеѓу 70 и 85 проценти од американската популација за да се запре корона вирусот во САД.