Поради реконструкција на булеварот: Делови од „Гологанов“, „Њуделхиска“ и „Анкарска“ без вода

Поради технички проблеми при изведување на најавената реконструкција на булеварот „Митролит Теодосиј Гологанов“ 74, делови од Центар и Карпош денеска се без вода.

Според ЈП „Водовод и канализација“ прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците лоцирани на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 74, Пожарната и дел од улицата „Њуделхиска“, како и корисниците на поголем дел од булеварот и од улицата „Анкарска“.

Улиците „Атинска“ и „Бахар Моис“ ќе бидат со намален притисок.

Но, од ЈП не прецизираат до кога овие делови од главниот град ќе бидат без вода. Во соопштиението само кусо наведуваат дека прекинот ќе трае се до завршување со активностите.

Претходна вестДосега пријавени над 30.000 за вакцинација, а вакцини ни за лек
Следна вест13 заразени во карантински хотел одново го ставаат Мелбурн во „локдаун“