Германија делумно ги затвори границите со две држави, ЕУ ja осуди постапката

Пандемијата покажа дел од слабостите на ЕУ. На почетокот државите не делуваа како унија, а еве сега почнаа и пак да си затвораат граници. Имено, Германија денес делумно ги затвори своите граници со Чешка и австрискиот Тирол поради ширењето на новите видови на коронавирус и покрај осудата на ваквата постапка од ЕУ.

Илјадници полицајци се мобилизирани за строги контроли на границите, што потсетува на првите денови од пандемијата, кога членките на ЕУ ги затворија своите граници.

На преминот Киферсфелден во јужна Баварија, полицајците го запираат секое возило што доаѓа од Австрија. Според новите правила, кои важат до 17 февруари, во Германија може да се влезе само со негативен тест за коронавирус. Исклучок се работниците во здравствениот и транспортниот сектор и за влез од итни хуманитарни причини, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Европската комисија ги осуди новите германски ограничувања.

-Стравот од нови мутации на коронавирусот е разбирлив. Но, вистината е дека вирусот не може да се запре со затворени граници, истакнала европската комесарка за здравство.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ги отфрли критиките од Брисел. „Доста е“, рече Зехофер за Билд. „ЕУ направи доволно грешки со бавното воведување на вакцини“, рече Зехофер.

Претходна вестГрад Скопје вели: Го исчистивме снегот, а скопјани: Среќа не вее повеќе
Следна вестДошле, откорнале летниковец, го запалиле… има и сведоци – ама нема казнети