Минималните температури во текот на претстојнава ноќ и утре изутрина ќе достигнат од -18 до -7 степени, додека во текот на денот од -7 до пет степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
До сабота во земјата ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.
Времето до крајот на денешниот ден ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност, со умерен до засилен северен ветер и максимална температура од -4 до 4 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, а попладне со умерен повремено засилен северен ветер и температура до 1 степен.