По фалсификат маски и тестови, во ЕУ се појавија и лажни вакцини против ковид-19

Администрациите на ЕУ треба да бидат претпазливи поради измамници кои нудат лажни вакцини против ковид-19, објави Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Во соопштението се посочува дека ОЛАФ располага со информации за измамници кои се обидуваат да продадат вакцини во ЕУ.

ОЛАФ ја проширува истрагата на производи за заштита од ковид-19 со борба против трговијата со фалсификувани вакцини од нелегален увоз и фалсификувани лекови.

Истрагата започна во март минатата година и досега се идентификувани повеќе од 1 000 сомнителни операции и запленети се 14 милиони предмети, вклучувајќи лажни маски и лажни тестови.

Претходна вестШестмина кавадарчани два дена биле завеани во прилепско село – напладне се извлечени живи и здрави
Следна вестИстражување во Израел: Ефикасноста на вакцината на „Фајзер“ е 94 отсто