Истражување во Израел: Ефикасноста на вакцината на „Фајзер“ е 94 отсто

Со вакцината „Фајзер“ бројот на симптоматичните случаи со ковид-19 е намален за 94 отсто, покажува истражување спроведено во Израел за ефикасноста на оваа вакцина.

До овој заклочок дошол истражувачкиот институт „Клалит“ кој набљудувал 1,2 милиони луѓе, од кои 600.000 кои ја примиле вакцината и уште толку кои не ја примиле.

Анализите покажале дека во вакцинираната група има намалување за 94 отсто на симптоматичните случаи, но и 92 проценти намалување на тешките случаи на заболени со ковид-19 и тоа подеднакво кај сите возрасни групи.

Од „Клалинт“ тврдат дека пациентите и во двете групи имало исти пациенти според нивната општа здравствена состојба, местото каде живеат и ризиците од инфекција и развивање на тешка клиничка слика.

Израел се смета за земја која има една од најуспешните програми за имунизација на населението во светот, со речиси 40 проценти од населението кое е веќе вакцинирано.

Претходна вестПо фалсификат маски и тестови, во ЕУ се појавија и лажни вакцини против ковид-19
Следна вестЗемјава утре во „жолта фаза“ – препораки како да се заштитиме од премрзнување