Со петтиот пакет завршува финансиската поддршка за исплата на плати.
-Ова е последно помагање за исплата на плати бидејќи се очекува излез од кризата и раст и развој на економијата. Чесно е Владата да ја испрати пораката затоа што очекуваме излез од кризата, развој и раст. Ги следиме тредновите и она што се случува во светот, но државата е тука и ќе продолжи будно да следи и да им се најде на компаниите и на работниците и на сите граѓани кои се погодени, најави денеска премиерот Зоран Заев кој го презентира најновиот антикризен пакет мерки.
Мерката за плати се однесува на компаниите кои имаат пад на своето производство од 30 проценти во ноември, декември 2020 и јануари 2021.