Во изминатите 24 часа, почина пет лица како последица на ковид-19, додека регистрирани се 358 нови случаи на заразени со корона вирус, објави попладнево Министерството за здравство.
Од починатите, тројца се од Скопје (91г, 80г и 58г), и по едно лице од Кавадарци (73г) и Прилеп (62г), сите во болнички услови.
Од направени 2.275 тестирања, регистрирани се 358 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу се од Скопје– 173.
Регистрирани се 341 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152 од кои 2.767 се во Скопје.