Поранепшната барака во Градски парк каде со децении се склучуваа граѓански бракови, од денеска е Младински центар кој го носи тоа име – „Матично“.
Во овој некогаш култен објект, кој целосно е реконструиран младински и извиднички организации, но и неформални групи ќе можат да ги реализираат своите едукативни и културни активности.
-Станува збор за еден од култните објекти во нашиот град, објектот на „Матично“ што 52 години не беше реновиран, а сега може да го видиме во едно сосема поинакво и поубаво светло. Она што мене ме радува е што прифатената иницијатива од младите е доказ како со интеринституционална соработка можеме и од нешто што било руинирано да создадеме квалитет повеќе, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Општина Центар е првата општина на територијата на Скопје, а и во државата која отвора ваков младински центар како обврска која произлегува од Законот за младинско учество и младински политики.