Скопје е „дива лига“: Се вози брзо, се минува на „црвено“, се пие алкохол, се зборува на мобилен

Само на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се казнети 139 мерки возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.
Дури 31 од нив возеле пребрзо, осум немале возачка дозвола и двајца биле пијани. Меѓу казнетите има и такви кои возеле нерегистрирани и технички неисправни возила (2 казни), петмина поминале на црвено.
Од другите казни има и 12 за користење на мобилен телефон за време на возење, три не носеле сигурносен појас и 46 казни се за непрописно паркирање.
Доколку планирате низ Скопје да се движите со автомобил, почитувајте ги правилата, бидејќи засилените полициски контроли продолжуваат.
Претходна вестРусија објави дека произвела и трета вакцина против ковид-19
Следна вестОХИС веќе не е опасна зона?