ОХИС веќе не е опасна зона?

Државниот инспекторат за животна средина денеска прогласи дека од поранешниот гигант ОХИС успешно е завршена постапката за отстранување на отпадните хемикалии во кругот на фабриката.

Вчера всупност биле натоварени 4,6 тони иницијатори, хемикалии со познат состав, и 5,2 тони хемикалии со непознат состав во камиони специјални за транспорт на опасен отпад, кои по царинската постапка за извозсе упатени кон постројката за уништување во Франција.

ОХИС со децении се сметаше за една од најжешките еколошки точки во главниот град и воопшто во државата, поради илјадниците тони токсичен отпад депонирани во дворот на фабриката.

Отпадот беше остаток од производството на пестицидот Линдан, кој се правел во фабриката, а ,еѓу токсичните супстанци, имаше и значителни остатоци линдан, кој од 2009-та е забранет за производство. Дури една деценија подоцна, државата почна да бара начин како да го реши еколошкиот проблем.

 

Претходна вестСкопје е „дива лига“: Се вози брзо, се минува на „црвено“, се пие алкохол, се зборува на мобилен
Следна вестВо болниците во Скопје примени 18 нови пациенти со ковид – вкупно се 262