Во болниците во Скопје примени 18 нови пациенти со ковид – вкупно се 262

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Според податоците од Министерството за здравство, вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, од вкупно 622 во сите болници во државата.
Во последното деноноќие, најмногу нови примени на болничко лекување поради ковид има на интерните клиники – 6, колку и во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“. Тројца пациенти се примени на Инфективната клиника, а исто толку и во Козле.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.
Од Министерстото за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Претходна вестОХИС веќе не е опасна зона?
Следна вест„Сплотени во победа“, иницијаторите за вонреден конгрес на ВМРО-ДПММЕ бараат отчет од Мицкоски