„Сплотени во победа“, иницијаторите за вонреден конгрес на ВМРО-ДПММЕ бараат отчет од Мицкоски

Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март ќе бараат од актуелниот лидер Христијан Мицкоски да одоговори што остварил од ветувањата дадени пред три години на конгресот во Валандово.

-Дали го исполни ветувањето за обединување на партијата, дали ја врати партијата на победничките патетки, дали и го врати угледот кај меѓународната заедница, дали ги зголеми коалицискиот капацитет, порачаа денеска од Иницијатовниот одобор, кои го промовираа слоганот за претстојниот 17 вонреден конгрес „Сплотени во победа“.

Тие денеска се собраа симболично пред Музејот на револуциинерната борба, познат како Музеј на ВМРО од каде порачаа дека се собрани голем дел од потребните потписи од делегатите од валандовскиот конгрес.

На 28 март ќе побараат од Мицкоски да каже зошто сите досегашни избори се изгубени и најавија дека ако не ја добие довербата од делегатите, ќе мора да си поднесе оставка и да се избере нов лидер.

 

Претходна вестВо болниците во Скопје примени 18 нови пациенти со ковид – вкупно се 262
Следна вестЧиј збор е последен за руските вакцини, на Филипче или на Заев?