Излетувањето на возилото било кобно за 19 – годишното момче во сообраќајкаѕа што се случила вчера околу полноќ кај Стар Дојран.
–На 20.02.2021 во 00,50 часот било пријавено дека на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.М.(20) од Гевгелија, излетало надвор од коловозот. Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот И.П.(19) од Гевгелија, а со повреди се здобиле И.М. и сопатникот В.С.(19) од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија, соопшти полицијата.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.