Путин: Лани забележавме активност на над 400 тајни агенти низ Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека минатата година во Русија е забележана активност на повеќе од 400 агенти на тајните служби.

Путин на седницата на Одборот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) рекол дека е важно и натаму да се подобри заштитата на доверливите податоци и да се спречи истекување на доверливи воени и податоци за најновите технологии и истражувања на истражувачки центри и компании, јави агенцијата ТАСС.

– Ако разбирате, заштитата е многу важна за нас – рече Путин.

Инаку, руската медиумска агенција пренесува и дека лани во Русија биле спречени 72 кривични дела поврзани со тероризам.

Претходна вестВо секоја петта сообраќајка учествувале моторџии, ќе внимаваат ли повеќе пролетва?
Следна вестГрадоначалникот на Центар Богдановиќ има ковид-19