Приведена Албанка која илегално престојувала во Македонија

Полицијата вчера ја приведе Е.Л.(46) од Република Албанија, поради илегален влез во Македонија, а која од претходно имала забрана за влез во државата.

Во Основниот суд Тетово изречена ѝ е безбедносна мерка протерување на странец од РСМ со забрана за повторно влегување во времетраење од една година.

Од МВР информираа дека таа потоа била депортирана и предадена на пограничните органи на Република Албанија.

Претходна вестПотврдени првите два случаи на јужноафриканскиот сој во Хрватска
Следна вестТешка сообраќајка во Визбегово, повредени четворица тинејџери