Второ поскапување на горивата за една недела

Од ноќеска на полноќ за денар до денар и половина се зголемуваат цените на нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95, дизелот и Есктра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар, а најголемо поскапување има кај Еуросупер БС-98 за денар ипол.

Според тоа, новата цена на Еуросупер БС -95 ќе биде 65,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 67,50 денари, а дизелот по цена од 56 денари за литар. Есктра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 45 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 HC се зголемува за 0,637 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,396 денари за килограм.

На 22 -ри минатиот месец горивата поскапеа за половина, односно за еден денар.

Претходна вестЗа Мијалков во Шутка постојат безбедносни протоколи со кои се исклучени сите можности за инциденти
Следна вестПочна плаќањето на сметки во Пошта – засега само на 35 места, а до крај на неделава на сите 300