Почна плаќањето на сметки во Пошта – засега само на 35 места, а до крај на неделава на сите 300

Од денеска, во 35 објекти на „Македонска Пошта“, започна наплатата на сметки што беше прекинато поради стечајот на „Еурстандард Банка“ преку која беше платниот промет.

Сега тоа се одвва преку „Халк банка“ и се работи за тест – период за софтверски и безбедносни протоколи и за продукцискиот дел, кој е трае до крајот на неделава, кога се очекува да почне во сите 300 единици ширум земјава.

Претходна вестВторо поскапување на горивата за една недела
Следна вестПратениците неделава се враќаат на седница?