По 16 часот има километарски колони на планинскиот превој Плетвар, поради превртено тешко товарно возило кај местото Топлица.
Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е прекинат за сите видови возила, лесни патнички и тешки моторни возила – камиони.
Засега не е позната причината за несреќата, а полицијата прави увид на самото место.