Ќе има свадби и забави во ноќни клубови само ако Комисијата за заразни болести даде амин за протоколите

Предлог-протокол за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести.

Ова е договорено денеска меѓу претставниците од секторот со вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, а следува по неколкуте протести, од кои последниот беше минатата недела пред Владата, кога „свадбарите“ поставија маси со свадбени декларации, а на нив седна вицепремиерот Битиќи.

Приоритет во протоколите е заштитата на јавното здравје, како и зачување на секое работно место.

Директорот на Испекторатот, Пауновски гарантирал дека нема никаква селективност во постапување на инспекторите, ниту интенција при спроведувањето санкции, за што посочил дека во периодот од речиси една година, од почетокот на пандемијата, за непочитување на протоколите се санкционирани 471 правно лице.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Бојан Маричиќ три дена знаел за бегството на Мијалков и ништо не преземал
Следна вестСДСМ би можел да стане СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија?