СДСМ би можел да стане СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија?

Премиерот Зоран Заев денеска не ја отфрли можноста, негговата партија СДСМ да го промени името согласно Преспанскиот договор и Уставот, но за тоа треба да се одлучи на Конгрес на партијата.

-Тоа не можеме да го направиме на Извршен одбор или на Централен одбор, тоа е Конгресот на партијата, кој што ретко се свикува. Во периодот од кога се донесени уставните измени сме одржале само еден конгрес, кој беше онлајн. Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор и во Социјадемократскиот сојуз на Македонија. Дури дадовме и информација во делот на новото име СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија. Има и други идеи, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Претходна вестЌе има свадби и забави во ноќни клубови само ако Комисијата за заразни болести даде амин за протоколите
Следна вестЗа државјанство мора да има доказ, а не изјави од сведоци